Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека не треба да се дига раце од уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ и отворање на поглавјата и треба до последен ден да се работи на тоа во постојниот состав на Парламентот. Побитно, е вели, јавноста да ја придобиеме за уставните измени отколку опозицијата.

Јас се надевам дека ќе се гласаат. Не треба ние политичарите да дигаме раце од тој процес. Треба до последен ден да продолжиме, и да не успееме ќе има позитивен колатерален ефект од убедувањето затоа што мене ми беше многу побитно во овој период јавноста да ја придобиеме отколку опозицијата. Затоа што јавноста беше подложена на силна пропаганда и во услови на постоечка фрагилност заради историјатот, луѓето беа ранливи и кога на тоа некој додава сол, имате спремен терен да имате гневни граѓани. Не велам не со право заради историјатот, но не конкретно за овој предлог. И полека требаше да се објаснуваме со граѓаните, макар и еден човек на ден ако треба да придобиеме да убедиме дека нема алтернатива овој пат, за уставните измени, не опозицијата – рече Османи во гостувањето во Само интервју на Канал 5.