Одговарајќи на новинарско прашање Османи рече дека министерката за труд и социјала имала несреќна изјава околу настаните во ПИОМ и најави тужби против медиумите, кои во негативен контекст ја споменуваа ДУИ и нејзините членови, кои ги раководеле институциите, зашто не се работи за злоупотреба на ниту еден денар од пензискиот фонд

 Апсолутно не станува збор за никаква злоупотреба на ниту еден денар. Затоа беше побарано од министерката Царовска и од Фондот денеска да излезат и да им дообјаснат на граѓаните. Тоа е апсолутно „фејк њуз“. Поради штетата што е направена на ДУИ најавувам дека за сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, дека ако не се извинат во наредните 24 часа ќе мора да покренеме правна постапка за да ја докажеме вистината.

Откако вчера верификувавме и со Министерството за труд и социјална политика и со Фондот дека не станува збор за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите и од Фондот, туку дека поради административни пречки и дел поради недоволен буџет заради тогашната одлука на владата да се намалат придонесите, средствата не биле префрлени во Вториот пензиски столб, истакна Османи.