Дилемите на Франција за проширување на ЕУ не се однесуваат на Република Северна Македонија, тие очигледно ги препознаваат и признаваат успесите и на политички план и во делот на реформите со сите очекувања да се направи повеќе, истакна вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на дебата на Тв Телма. Тој се надева на преговори во декември или најдоцна во март догодина

Според него, дилемите на Франција се повеќе во однос на потребата од продлабочување на Европската унија како процес кој што го следи проширувањето.

-Очекувам дека Франција ќе предложи нова методологија на преговори и на функционирање на ЕУ затоа што ние како земја кандидат, која ќе преговара, ќе се адаптира, рече Османи