В петок ВМРО-ДПМНЕ ќе обзнани нова корупциска афера поврзана со националната агенција за европски образовни програми за мобилност, најви потпретседателот на партијата Александар Николоски во емисијата „Топ Тема“.

Тој објасни дека оваа институција користи европски пари и ќе објават како се трошеле европските пари.

Делени се средства на блиски невладини организации, на раководството на агенцијата.Исти четири невладини организации ги добиле проектите и во претходната година и оваа како и лица ангажирани од агенцијата добивале проекти но и судии.Проневерени се околу 3 милиони евра.Постои сомнителен тендер за  избор на ПР агенција.Мислам дека е многу конструктивно откако ќе ги обелодениме  и   доставиме до обинителството владата да апелира тоа брзо да се испита затоа што се проневерени европски пари и ќе е многу непријатно  за интеграцијата на Македонија во ЕУ кога ќе видат даночните обврзници на европските земји нивните пари наместо да се трошат за подобрување на обрзованите во Македонија се трошат на коруптивен начин.Тоа е за жал реалноста во оваа влада, нема инстутуција, нема министерство, агенција, јавно претпијатије каде што нема корупција-објасни Николоски во емисијата.