Со ново тело во кое ќе учествуваат и граѓаните Општина Аеродром и градоначалникот Марин сакаат да спречат случајот so изградбата на висококатницата кај Мајчин Дом да се повтори во иднина.Во новото тело ќе учествуваат и граѓаните со што тие ќе бидат дел од одлуките за урбанистичко планирање.
Ова следува откако Уставниот суд ја одби претставката за оценување на уставноста на ДУП.
И со тоа ги отстрани сомнежите за правни пречки за изградбата на висококатницата кај Мајчин Дом.
Следната недела Општина Аеродром ќе објави јавен повик за членови во партиципативното тело од областа на урбанизмот.
Партиципативното тело ќе се состои од девет члена, еден од редот на членовите на Советот, двајца по предлог на облиците на месна самоуправа, двајца по предлог на здруженија на граѓани, двајца од здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот, двајца од областа на општинска администрација.
Новото раководство на Општина Аеродром работи во интерес на граѓаните и ги следи нивните приоритети. Времето на тајно носење детални урбанистички планови и узурпирање на зелените површини во Аеродром помина. Отсега одлуките ќе ги носиме заедно, ќе овозможиме хумано живеење и подобри услови за сите граѓани на Општина Аеродром. Со овој механизам гарантираме дека Мајчин дом никогаш веќе нема да се повтори. Граѓаните и правните лица отсега ќе имаат можност активно да учествуваат во процесот на планирање и изготвување плански решенија за Општината и да спречат обиди за узурпација на животната средина и носење штетни ДУП-ови од која било власт, се вели во соопштението на Општина Аеродром.
Во меѓувреме инвеститорот ја продлжи изградбата на зградата во Аеродром, а граѓаните револтирани најавуваат нов протест денеска во 18 часот.
Comments are closed for this post.