По бурните реакции од јавноста за трошењето на 73 000 евра општински пари за маркетинг агенција која ќе го подобрува имиџот на градоначалникот Златко Марин, се јавија од  Општина Аеродром. Договорот со  приватната маркетинг-агенција ќе биде преиспитан.

Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации. Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните. Граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување“, се наведува во соопштението од општина Аеродром.