КОВИД -19 удри и по здравствениот персонал, а сето тоа се случува поради недостиг на заштитна опрема. Имено, веќе подолго време здравствениот персонал апелира до Mинистерството за здравство дека се соочуваат со недостиг на заштитна опрема што го доведува до ризик нивното здравје.

Пример за тоа е и ситуацијата во Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола во Службата за aнестезија, реанимација и интензивно лекување каде што има заболени од КОВИД-19.

Тројца aнестезиолози се во изолација, од кои двајца со позитивен тест на коронавирусот. И уште неколку вработени од средниот медицински персонал се во изолација и со позитивен тест. Има позитивен здравствен персонал и на Одделението за хирургија, сведочат медицински лица.

Од самиот почеток на пандемијата, велат тие, добивме само две N95 маски и додаваат скафандери се чуваат по шкафови под клуч, и се работи без никакви протоколи и насоки.

Поради ваквите услови во кои што се приморани да работат здравствените лица, има се повеќе позитивни на КОВИД-19, но се доведува во прашање и здравјето на граѓаните.

Бидејќи ако здравствениот персонал се зарази со вирусот ќе нема кој да ги лекува граѓаните, а тоа доведува до крахирање на целосниот здравствен систем во Република Македонија.