Со жестока расправија обвинувања помеѓу власта и опозицијата минува денешната седница во Собранието за уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ реагира дека министерот за надворешни работи Никола Димитров не е присутен на седницата, особено откако македонската нација ја нарече нација со комплекс.Опозицијата смета дека Димитров треба да им се извини и дека должи објаснување.
Димитров денеска не дојде во Собранието, му здосади да не слуша, си најде попаметна работа, наверојатно некое тендерче – рече Зоран Илиоски од ВМРО – ДПМНЕ.
Наместо Димитров денеска во Собранието е заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.
Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ , коментирајќи дека од нас се бара уште еднаш да потврдиме дека го почитуваме територијалниот интегритет на соседите рече дека Македонија веќе тоа го инкорпорирала во Уставот, но важно е да се види и што направила Грција, дали двете земији се почитуваат заемно и побра и Грција да го внесе истиов член во нејзиниот Устав.
Ова е големо прашање и не треба за тоа да се делиме. И затоа ми попречи што кажа министерот дека ние сме нација со комплекси. Не ние сме паметна интелегентна нација, но сме мирољубива, а знае дека попаметниот попушта оти знае дека со сила не може туку мора да се има принцип. Мора да си се цениме самите за да не ценат другите. Ако продолжиме вака не знаеме следно што ќе биде. Добро е да сме добри пријатели со соседите. Но, во оној момент кога ќе видам неискреност, подментнување и задни намери престанува пријателството. Затоа инсистирам на суштинско пријателство. Ако ние го вметнуиваме овој член во Уставот, добро е да побараме и од соседите да ги вметнат соодвтените членови од нашиот Устав а се однесуваат на членовите од Повелбата на ОН и тогаш ќе бидеме вистински пријатели, на сите ќе ни биде сеедно каде се наоѓаме дали во Грција, Албанија, Србија или во Бугарија, сите граѓани и во тие држави ги имаат истите човекови права. Пријателството треба да се заснова на почитување на еднакви вредности. Само тогаш ќе има искрено пријатлество, рече Деспотоски.
Comments are closed for this post.