Четири случаи на бактеријата „МРСА“ се потврдeни по вонредна контролата направена во градинка и училиште во општината Чаир. Според информациите од ДСЗИ, сите четири случаи се кај деца од кои три од големата група во градинката „Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето „Панајот Гиновски‘‘.

Како што пишува порталот НоваТВ, се почнало минатиот месец кога мајка пријавила дека кај нејзиното дете во нос е пронајдена бактеријата МРСА. Веднаш биле земени брисеви на сите 37 деца при што кај 3 била откриена МРСА,а кај две стафилококус ауреус.

Инаку „МРСА“ спаѓа во групата на стафилококни бактерии. Важи за светски проблем во клиничката медицина бидејќи е отпорна на повеќе антибиотици, тешко се лекува, а кај пациенти со намален имунитет може да предизвика сериозни компликации, па дури и смрт.

Годинава, ваков случај со бактеријата „МРСА‘‘ беше евидентиран во јануари кај вработен на клиниката за стоматологија по што следуваше вонреден надзор од екипи на ДСЗИ на клиниката.