Денеска СДСМ организира вонредни внатрепартиски избори на кои сите членови кои имаат електронска членка картичка бираат Претседател на партијата. По 12 години минати како лидер на партијата, Зоран Заев и официјално се повлекува од партискаста функција.

Во СДСМ, околу 60 илјади членови со право на глас ќе го изберат петтиот лидер на партијата. Тие ќе бираат меѓу тројца кандидати ,кои ги исполнија условите предвидени со партискиот статус. Станува збор за Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски, кои минатите десетина дена ги промовираа своите програми пред членството. Фаворитската улога ја има Ковачевски кој ја има и поддршката од лидерот во оставка Зоран Заев.

По изборот на претседател на партијата ќе се организира Конгрес на кој ќе се избере и новиот мандатар на Владата, а повеќе од извесно е дека тоа ќе биде Ковачевски.