Во текот на вчерашниот ден, нешто по пладне во Полициската станица Крушево, 58-годишниот Б.Б. пријавил дека истиот ден во утринските часови во манастирот „Св.Ѓоргија“ во село Бучин била извршена тешка кражба од страна на непознати лица.

Како што соопштија од полицијата, од црквата биле украдениоколу 8.000 денари.

Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.