Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  во изјава за медиумите кажа дека многу нелогичности се случуваат во борбата со корупцијата и затоа се случуваат  огласи за ликовни уметници во здравство и раст на приходи од 2100 %  на фирма на братот на првиот човек  за борба со корупцијата Љупчо Николовски.

Мицкоски  истакна дека фирмата  на братот на Николовски  споредено годината 2018 со 2019 имала зголемување на приходите од огромни 2100 % и кажа дека според тоа ќе се добие логичен или нелогичен одговор како се води борбата со корупцијата од првите луѓе на власта.

Со тој  вицепремиер и со овој премиер и со овие луѓе се ќе делува логично, се ќе делува логично. Ај еве погледајте ја компанијата чии сопственик е неговиот брат колкави се растот на приходите и профитот споредено 2018 со 2019 година и видете дали тоа ви е логично и на што се должи тоа. Поставете му го прашањето. На успешното работење? Еве погледајте дали е тоа логично. Споредете ја таа компанија чии што сопственик е неговиот брат какви имала приходи во 2018 година, колкав бил профитот во 2018 година и како магично во 2019 профитот се зголемил за цели 2100 %, еве поставете го тоа прашање на овој кој што се нарекува себеси вицепремиер за справување со корупцијата и ќе добиете логичен или нелогичен одговор рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека токму поради нелогичностите кои се случуваат во државата сме последни во регионот по вакцинирани луѓе, сме 111 место по нивото на корупција и служиме за потсмев како држава. Тој појасни дека борбата против корупцијата треба да се почне од сопствениот двор па потоа да се спроведува во институциите и на државно ниво за граѓаните да имаат доверба. Претседателот  на ВМРО- ДПМНЕ  Христијан Мицкоски додаде дека треба да дојдат способни луѓе да ја водат државата кои ќе ја доведат каде што заслужува а за тоа да се случи оваа влада мора да си замине од власт.

Затоа сме последни во регионот, по број на вакцинирани луѓе, затоа служиме за потсмев, затоа ни се случува да сме на 111 место по нивото на корупција и криминал и уште многу нелогични работи кои што некому ќе му изгледаат логични  ќе ни се случуваат а посебно на овој би рекол министер за борба против корупција и криминал. Треба од дома да почне да се бори со корупцијата и криминалот кој што дома го има за да можеме ние како граѓани да му веруваме и да имаме доверба. Се додека тоа не е така не можеме да имаме доверба. Еве проверете медиумите проверете ја компанијата колкав е растот на профит споредено со 2018 и 2019 година и приходите и профитот. Профитот пораснал за рекордни 2100 % и тогаш ќе го добиете одговорот што е логично а што не е логично во оваа држава. Мораат под итно да си заминат овие луѓе неспособни и државата да ја земат во свои раце луѓе кои што знаат како за да можеме д ја доведеме онаму каде што и е местото а не да служиме за потсмев заврши Мицкоски.