Иницијативата за Заедничка Македонија настана како резултат на тиранската платформа која беше потпишана во соседна држава во кабинетот на Еди Рама со лидери од Македонија, објасни еден од организаторите на протестите Богдан Илиевски. Тој вели дека постоела опасност од таква платформа која настанала по изборите во 2016 година, но не беше во програмата на ниту една платформа.

За протестите вели дека биле добро организирани, без ниту еден инцидент и оти секој ден станувале се помасовни.

Популарниот Бетмен рече дека тој и Борис Дамовски биле главни организатори, заедно со Игор Дурловски.

Тој вели дека ниту една партија немала влијание врз протестите кои биле надпартиски ниту пак им помагале финансиски.

Никогаш не сум примил пари за протест на кој сум учествувал или сум го иницирал. Не сум примал туку кога сум можел сум давал.И порано сум излегувал на многу протести – објасни Илиевски.

Тој рече дека ги познава Ристовски и Јанакиески но оти разговарале на приватни теми а не за протести.

Немам сознанија дека ги организирале општинските комитети за протестите- ниту пак на 27 април имав комуникација со нив, рече Илиевски.

Бетмем беше прашан и дали го познава Александар Василевски Нинџа.

Првпат го видов во судница во 2018 година а како изгледа го видов на телевизија кога го приведуваа. Во живо никогаш предтоа не сум го видел – објасни Илиевски.

За 27 април рече дека бил вообичаен ден се додека не слушнале дека во Собранието се пее албанската химна и оти се бира претседател .

Почнав пред Собранието да ја пеам химната по што ми се приклучија и други. Се тргнав настрана и Борис ми рече ” ја префрлија оградата”. Во таа состојба се грижев да нема нарушување на редот. Ја поминав оградата и јас и се отворија вратите на Собранието – се присети Илиевски.