Денеска на полигонот Криволак ќе се одржи главниот дел од воената вежба „Одлучен удар“ која е една од најголемите што досега се одржале во Македонија. Пет земји од НАТО и македонската армија ќе ги презентираат своите капацитети.

Низ полигонот денеска ќе минат транспортерите „Страјкер“ и „Хермелин“,  а од небо ќе набљудуваат воздухопловите „Ф-16“, „ Б-52“, како и „М-8 и 24“.

На вежбата ќе присустуваат и премиерот Заев и претседателот Пендаровски.

Цел на вежбата е да обезбеди синхронизација на расположливите сили и капацитети и потврда на тактиките, техниките и процедурите за координирани конвенционални операции и здружени и комбинирани операции во урбана средина, во различни временски услови и во исто време да го зголеми нивото на интероперативност и интеграција како помеѓу конвенционалните, така и помеѓу силите за специјални операции на партнерските земји, потврдувајќи го нивото на борбена готовност и ставајќи ја на тест способноста на логистичката поддршка за интензивна оддржливост на операции со висок интензитет.

На вежбата ќе учествуваат повеќе од 2700 припадници на вооружени сили на шест држави:  Македонија со копнени, воздухопловни и специјални сили, Соединетите Американски Држави (Национална гарда на Пенсилванија, 19 група за Специјални операции и Воздухопловни сили на САД), Литванија и Црна Гора со артилериски капацитети и специјални сили на Бугарија и Албанија.