На првиот поголем протест од почетокот на уставните промени излегоа неколку илјади граѓани. Тие солидно го исполнија просторот од раскрсиницата кај Собранието па се до Триумфалната порта.

Студеното време и дождот се чини дека не беше пречка да се излезе на овој собир на кој беа упатени неколку клучни пораки за актуелната политичка состојба.

Најважното барање беше за оставка и распуштање на собранието што би бил прв чекор кон предвремени парламентарни избори.

Според говорниците на протестот, актуелните пратеници не ја претставуваат волјата на народот и дека никој не ги гласал да го менуваат уставот и името на државата.

Нема да го повториме 27 април, нема да дозволиме да бидеме жртви на предавството и невини жртви кои со политички монтирани случаи лежат во затвори. Пратениците да ги прифатат нашите барања против уставни измени“-се порача на протестот.

Првиот човек на СМК, Тодор Петров, кој им се обрати на граѓаните нагласи дека  поднеле кривични пријави против премиерот Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, но и против пратениците кои гласаа за уставните имени.

Беше побрано и Уставниот суд да се изјасни за сите иницијативи кои се дадени за оценување на уставноста но судот упорно ги игнорира.