Од утре се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.

Исклучок од оваа забрана, како што соопшти Владата, е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во МВР, МО-Армијата, како и вработените во територијалната противпожарна единица во овие општини.

Согласно ова, Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територија на РепубликаМакедонија.

Министерството за одбрана доби задолжение да определи едно лице кое ќе биде на дневна основа во комуникација со Oпштинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, со цел одржување на функционална и ефективна работа на овој штаб