Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Дојче веле најави дека се размислува постепено да се намалуваат рестриктивните мерки, но точно од кога тоа ќе се случи ќе се разгледува од следната недела, кога Комисијата за заразни болести ќе ги сумири бројките на новозаразени и ќе ги види ефектите од двата претходни викенди во карантин.

– На добар пат сме на почетокот на мај да почнат да попуштаат рестриктивните мерки. Рестрикциите ќе се укинуваат постепено, ќе се скрати полицискиот час, засега не е одлучено дали ќе важи и за викенд. Сепак, мора да се има предвид дека животот нема да се врати во нормала со иста динамика и покрај попуштање на мерките – рече Филипче