Од понеделник ќе се вакцинираат полицајци, војска, новинари, судии, возачи во ЈСП, пожарникари

30.03.2021 / 13:24


Национална техничка група за имунизација против Ковид 19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, соопшти Министерството за здраввство.

За оваа категорија ќе бидат издвоени вкупно 4.000 вакцини од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање, велат од МЗ.

Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Досега во земјава се вакцинирани 7.005 лица, односно, здравствени работници од Ковид-центрите. Министерството сѐ уште нема податоци колку македонски граѓани се вакцинираа во Србија.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Koшта : Нема план „Б“ за Македонија

пред 1 ден
Македонија

Кошта ни порача дека мора да се исполни тоа што е ветено во 2022 година, но знае колку тоа е тешко

пред 1 ден
Македонија

Црн чад над „Бихаќка“

пред 1 ден
Македонија

Вреди формираше нова пратеничка група, колкумина од кај Таравари ќе останат?

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Не можеме ние да менуваме Устав по кој знае кој пат без да имаме јасна испорака и порака oд Бугарија

пред 1 ден
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: За Венко и Зоки златото, за СДСМ тенекијата

пред 2 дена
Максим Димитриевки

Филипче јавно да каже што изнел, што однел, чие однел и што планирал?

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски за најтешкиот ден: : Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни, немав време за долго размислување

пред 4 дена
Македонија

Албанец е основач на Охридската Архиепископија, тврди Ахмети

пред 4 дена
Македонија

Носителите на златна виза во Дубаи имаат можност за водење бизнис, а децата право да студираат

пред 5 дена