Од понеделник ќе се вакцинираат полицајци, војска, новинари, судии, возачи во ЈСП, пожарникари

30.03.2021 / 13:24


Национална техничка група за имунизација против Ковид 19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, соопшти Министерството за здраввство.

За оваа категорија ќе бидат издвоени вкупно 4.000 вакцини од првичните 24.000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање, велат од МЗ.

Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максмално да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Досега во земјава се вакцинирани 7.005 лица, односно, здравствени работници од Ковид-центрите. Министерството сѐ уште нема податоци колку македонски граѓани се вакцинираа во Србија.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Што ти прави долга дружба со вакви…

пред 5 часа
Македонија

пред 2 дена
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Петровска

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

пред 3 дена
Македонија

На Фон дер Лајен не и се слуша за ЕУ посредништво во спорот со Бугарија

пред 3 дена
Македонија

Фон дер Лајен изговори македонски јазик и идентитет

пред 3 дена
Македонија

За Филипче Цар Самоил се само мошти од пред 1000 години

пред 3 дена
Македонија

Стефаноски: Ме загрижи пронаоѓањето на снајперски орудија кои можат да дејствуваат на далечина

пред 3 дена
Македонија

Стефаноски: СДСМ се подизведувачи на Бугарија и Русија

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски со Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

пред 3 дена
jojobetMarsbahisultrabetcasinoroyalkralbet girişKralbetKralbetJojobetjojobet girişJojobetKralbet girişKralbetMarsbahiskingroyalsekabet girişsekabetjojobet girişmarsbahisbahsegelmarsbahismarsbahis girişmarsbahis twitter