Дали премиерот Зоран Заев ќе ја реконструира владата, ќе има предвремени парламентарни избори или ќе го врати мандатот…сите се најавени опции доколку не се добие датум за почеток на преговори. На ова прашање Заев не одговори директно која опција ќе ја стави на маса, туку рече дека „внимателно ги следиме сите чекори и одлуки н подготовка на агендата на Европскиот совет, што се работи Бундестагот“.

Следува средбата со канцеларката Меркел, исто така докажан пријател на Северна Македонија. Во зависност од одлуките и како Европскиот совет ќе ги постави работите, преку пораката од Германија и од Меркел, така ние ќе ги носиме одлуките дома“, рече Заев.

На заедничката прес конференција Заев изрази увереност „без дилеми“ дека ќе добиеме датум за преговори и оти Европската унија ќе покаже „мудрост да ги прави внатрешните реформи, но и да го држи отворен процесот за привлекување на новите земји кандидати за членство во ЕУ“.

После средбата во четвртокот со Меркел, тој најави дека идниот викенд ќе се сретне централниот одбор на СДСМ, и оти во консултации е со своите партнери во коалицијата.

Од Меркел очекува „позитивна порака, со прецизна агенда, со детални образложенија што понатаму, затоа што членките „немаат никаква дилема ниту аргумент против за добивање датум за Северна Македонија, само треба да знаеме кога ќе бидат донесени конкретните одлуки“, истакна Заев.

Заев и владина делегација утре патува за Берлин, каде прво ќе има обраќање на годишното Собрание на Стопанската комора на Германија, а ден потоа и средба со канцеларката, на која неофицијално, ќе се отвори прашањето Македонија при одлучувањето да биде одвоена од Албанија, за што постои, добро расположение кај поголем дел од земјите членки.