Македонија нема да може да стане членка на ЕУ и на НАТО, ако не го прифати ставот на Бугарија за историските прашања кои предизвикуваат контроверзи во двете држави, порачува преку ТВ „Европа“, Красимир Каракачанов, министер за одбрана на Бугарија.

Според него, Бугарија би требало цврсто да се држи до својот став во однос на историските прашања, и да се повлече од поддршката за европските интеграции на својот сосед, ако државите не би можеле да се договорат во рамките на специјално формираните бугарско-македонски комисии.

Ако сакате да бидете дел од ЕУ, никој не ви брани да бидете Македонци. Ако сакате да верувате во утопија дека Александар Македонски е ваш предок, тоа е ваша работа, но не можете да ја фалсификувате историјата. Во политиката и дипломатијата има неколку пристапи. Не може само со барања. Стои ли во Договорот дека Македонија не може да има територијални и истроски претензии? Тоа е запишано. Што значи “не треба со ултиматуми“. Има и други мегханизми. Не е ултиматум, едноставно веќе не ги поддржуваш. Им кажуваш „дечки, не сте подготвени, ќе почекате некое време додека научите, додека се европеизирате, додека ја прочитате вистинската историја “, потенцира бугарскиот министер.