Обвинителство ќе чека известување од МВР за да постапи по пријавата на Павле Богоевски за неовластено снимениот разговор како што тврди пратеникот. Дотогаш МВР ќе ја истражува снимката во која Богоевски договара купување на нарокотични средства и ќе утврдува дали е сторено кривично дело, велат од Обвинителството.

Околу снимката од разговорот која беше објавена на една социјална мрежа, по напатствија на ОЈО, МВР како овластен орган за откривање на сторителите на кривични дела продолжува да презема мерки и активности заради утврдување на идентитетот на сопственикот на наведениот профил на кој беа објавени снимките. Откако идентитетот ќе биде утврден и ќе бидат обезбедени релевантни докази, Министерството за внатрешни работи ќе го извести Јавното обвинителство за да преземе кривичен прогон. Околу содржината на снимениот разговор исто така ќе бидат направени проверки за да се утврди дали постојат елементи на сторено кривично дело, велат од обвинителство.