Основната јавна обвинителка, Вилма Русковска, оствари средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј, на која разговарале за предизвиците со кои секојдневно се соочува Рускоска и за подготвеноста на обвинителството да се справи со организираниот криминал и корупцијата.

Како што се наведува во соопштението од Јавното Обвинителство, амбасадорката Галове ја истакнала важноста на обвинителството за обезбедување на владеењето на правото во земјата, како и во процесуирањето на предметите од областа на економскиот криминал и корупцијата.