Обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за Даниела Рангелова и за уште две лица во случајот на насилствата пред општина Центар од 2013 година.

Обвинението не беше повлечено за Миле Јанакиески, Никола Груевски и за останатите обвинети.

Фетаи во прочистениот текст од обвинението ги читаше навредливите зборови кои наводно ги извикувале дел од обвинетите како револт за рушењето на црквата кое требало да се најде на дневен ред на Советот на општината.