Скопското основно јавно обвинителство поднесе oбвинителен предлог против две лица за кривично дело Узурпација на недвижности, поради изградба на платформи на Матка. Како што информираа од обвинителството, првообвинетиот е 39-годишен жител на Глумово, кој како трговец-поединец врши дејност за патнички воден транспорт

Тој на точно неутврден датум  со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2“, соопштија од обвинителството.
Воедно, од таму додаваат дека вториот обвинет е 25-годишник од истото село, кој „делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 м2, на која патем изградил времен објект со површина од 187 м2“.