Денеска во Кривичниот суд се одржа ново рочиште за случајот „ТНТ“ во кој меѓу обвинетите се поранешниот министер за транспорт Миле Јанакески и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски.

Одбраната на обвинетите побараа да бидат повикани нови сведоци, предложени од нив, дел од нив за прв пат, а дел од нив кои веќе биле предложени.

Обвинителот од Специјалното јавнообвинителство на тоа реплицираше дека нема потреба од нови сведоци.

Судијата Огнен Ставрев на тоа одговори дека Судот дополнително ќе се произнесе дали има потреба да се повикуваат нови сведоци.

Потоа се прејде кон испитување на дел од сведоците предложени од страна на Специјалното јавно обвинтелство.

Градоначалникот Трајковски му поставуваше прашања на инжинерот Ќамил Ајдиновски за тоа дали градежните книги биле водени уредно, на што тој одговори потврдно. Беше прашан и дали тој имал обврска да постапува по барање на надзорот за што Ајдиновски рече дека секако имал таква обврска.

Трајковски на рочиштето нагласи дека објектот „Космос“ не бил срушен само од општина Гази Баба туку и од инвеститорот.

Судијата Ставрев исто така констатираше дека целата постапка во овој случај непотребно се одолговлекува и оти мора да се забрза.