Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола објави писмо, што го испратил до амбасадорите на државите од ЕУ во Скопје и до претседателот на Бугарија, Румен Радев, пишува Сега.бг.
Во писмото се говори за груби манипулации за време на спроведувањето на пописот во РС Македонија. Граѓаните со бугарска свест се подложни на притисок да не се идентификуваат како Бугари, а изјавената етничка припадност им била менувана од чиновниците во државната статистичка служба.
-Овој административен притисок врз поголем број граѓани има за цел да ги смени резултатите од нашата самоидентификација за време на пописот на населението, прв по 20 години, што режимот беше принуден да го организира. Јасно е дека целта е да се создаде погрешно сфаќање дека ние, македонските Бугари, сме малцинство, а не државотворна компонента во нашата татковина. Предизвиците пред кои сме сите исправени предизвикуваат силно чувство на недоверба во демократските резултати од пописот, фрлајќи на тој начин сенка врз уште сега оспорените идни резултати, се вели во писмото.
Потоа се наброени нарушувањата од пописната администрација:
1.На многу места попишувачите не го поставуваат прашањето за етичката припадност на лицата т.е. луѓето автоматски се регистрираат како „Македонци“.
2.Граѓаните, кои се изјаснија како Бугари, редовно и директно беа навредувани и омаловажувани од попишувачите, инструкторите и други членови на пописните комисии.
3.Имаме случаи кога ако еден член од семејството (првиот регистриран) се декларирал како Македонец, попишувачот автоматски целото семејство го регистрира како „Македонци“. Имаше многу поплаки од таквите активности, но само еден симболичен дел беа успешно коригирани. Докази за оваа широко распространета проблематична пракса можат да бидат најдени во официјалната електронска пошта на Државниот завод за статистика на РСМ.
4.Во најдрастичните случаи, од луѓето кои се изјаснуваа за Бугари, беше барано да прикажат бугарски државни документи, пасоши итн. како „доказ“, за да ги регистрираат како такви (поголемиот дел од македонските Бугари немаме бугарско државјанство). Поради тоа, тие луѓе беа регистрирани како Македонци, со образложение дека не можат или не смеат да прикажат таков документ.
5.Поради неправилно функционирање и блокирање на електронската апликација многу попишувачи податоците ги зимаа на лист хартија и потоа, без присуство на граѓаите, ги воведуваа во обрасците, притоа менувајќи го бугарското самоидентификување со „македонско“.
6.Во самите пописни комисии, вклучувајќи го и директорот на ДЗС (во приватните укажувања), се ширеше негативна антибугарска енергија и нетрпеливост во однос на лицата, кои се идентификуваа како македонски Бугари, кои бараа корекција во обрасците за лична регистрација поради неправилно регистрираната етничка припадност од страна на попишувачот. Таа нетрпеливост на инструкторите и на попишувачите им беше наложена од одговорните лица во ДЗС-пракса што докажува дека понижувањата и притисоците не се дело само на изолирани попишувачи, туку добро осмислен и структуриран акт на соодветни лица, кои носат одлуки.
Во писмото се заклучува дека „без праведност за македоно-бугарскиот дел од нашето општество нема да има јасна и долгорочна перспектива за стабилност во нашата Татковина, ниту опиплива европска иднина за нашите деца“. Сите амбасадори се повикуваат „со своите влади да ја споделат оваа наша загриженост“.
Comments are closed for this post.