Премиерот Заев вчера веднаш по враќањето од Самитот на ЕУ замина во Св. Николе на кампања за локалните избори. На светиниколчани тој им пренесе топли поздрави од европските челници , а посебно од претседателот на Бугарија Румен Радев.

Ова немаше да биде ништо чудно ако Радев само неколку часа претходно не го избриша патосот и со Заев и со Македонците барајќи да се откажеме од македонизмот ако сакаме да почнеме преговори со ЕУ.

Сакаме јасни правно обврзувачки документи. Македонските Бугари да се рефлектираат во пописот. Сакаме како што се призна историската вистина во односите со Грција, на ист начин да се признае и историската вистина во односите со Бугарија. Раскинување со македонизмот и омразата кон Бугарија и донесување јасни одлуки-рече  Радев во Крањ.

За волја на вистината и Заев додека беше во Словенија ја осуди изјавата на Заев, но по само неколку часа заборорави на навредите и  пренесе поздрави од него.

Доаѓам директно од состаноци со Меркел и Маркон. Ви пренесувам поздравите за нашиот народ.Поздрави од претседателката на Комисијата Урсула Фон Дер Лајен, од премиерот на Словенија, од претседателот Радев-рече Заев во Св.Николе.