Оваа и мерките за забрането групирање после 22 часот на јавни места за повеќе од четворица, како и забраната за поголеми семејни собири…се веќе во Собрание. Министерот за здравство Венко Филипче, верува дека пратениците ќе дадат зелено светло за потребните измени во Законот за заштита од заразни болести.

Со амандманска интервенција практично ќе имаме можност веќе следната недела да интервенираме во самата постапка и законот верувам дека за кратко време со оглед на тоа што е донесен да биде по скратена постапка, дека ќе се реализира. Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира во законот поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во Уредбата со законска сила којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба.“ вели Венко Филипче, министер за здравство .

Изгласувањето на измените можно е да зависат од гласовите на опозицијата, со оглед на фактот што во моментов владејачкото мнозинство е на тенки нозе. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека ќе даде поддршка на се што е во насока на борба со Ковид 19, иако се пожали дека за мерките опозицијата не била консултирана.

Тука сме, стоиме на располагање со сиот свој потенцијал како политичка партија, како опозиција да им помогнеме на граѓаните, па дури и да соработуваме со оние незнајковци од политичката комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев.“ /„Нека ми каже некој кои се тие мерки јас не ги знам тие мерки, каков е тој закон ?! Па еве носиме маска, тоа се мерки коишто веќе постојат, не треба сега ново гласање, ако треба еве ќе ги поддржиме за маска на отворено.“изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен предложените мерки кои се во процедура, вчера од комисијата за заразни болесни најави дека е можно од понедленик да се предложат и нови рестрикции, како што е ограничување на работното време на ресторани, кафулиња, сендвиочари, пекари до 23 часот, преполовување на капацитетот на јавниот превоз, како и забрана за настани…