Скандалот со шпионската опрема набавена од страна на ОТА е мошне сериозен. За него веќе говорат и странски медиуми. Според информациите во јавноста македонската агенција набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Внимавајте, со овој софтвер може да се следи секоја интернет комуникација на секој еден граѓанин во Македонија и истиот може да биде злоупотребен за политички цели на власта.
Овој софтвер е проблематичен и за НАТО, а во Грција веќе изби скандал дека со истиот биле следени политичари и јавни личности. Јавното овинителство за оваа афета беше информирано уште пред неколку недели, но реакција и акција од нивна страна нема никаква.
Владата на Ковачевски е најодговорна во овој случај и треба за тоа да биде испитана. Но, како и судството, така и обвинителството во Македонија, кои имаат едвај 1% доверба, се директно поклопени од страна на власта и поголема е веројатноста грчките истражни органи и медиуми да откријат што се правело со софтверот Предатор во Македонија, отколку самите домашни органи.
Но, домашните институции кои сега молчат за овој скандал со шпионскиот софтвер Предатор треба да знаат дека порано или покасно за ова ќе има истрага и после тоа и одговорност за сите оние кои го злоупотребиле законот, но и за оние кои молчеле за тоа и го прикривале.
Comments are closed for this post.