Со најавата на Изет Меџити дека ќе формира ново политичко движење кое ќе делува опозициски, се компликуваат работите за уставните измени. Досега на власта и требаше поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за да може Бугарите да бидат вметнати во Уставот како услов за почеток на преговорите,  сега нејасно е на колку пратеници може да смета владејачкото мнозинство. Групата на Изет Меџити контролира тројца пратеници меѓу кои и Кастриот Реџепи за кого никогаш  не си сигурен на која страна ќе натежне.

Токму тој Кастриот беше главен актер на она гласање за доверба на Владата на Заев. Иако опозицијата имаше потписи од 61 пратеник меѓу кои и Реџепи ноќта пред гласањето се случи нешто неочекувано.

Реџепи буквално исчезна  на неколку дена а се појави на една видео порака пред еден бел зид како оние киднапирани борци од ИСИС.

Оваа нова тројка сигурно ќе има свои услови и пазар дали ќе ги поддржи уставните измени. За волја на вистината, Изет Меџити неодмана во интервју за „Република“ изјави дека без разлика на случувањата во ДУУИ тие ги подджуваат уставните измени.

Дали се тенчи или се зголемува владината поддршка за уставни измени ќе се види ќе се види кога ќе бидат пратени во Собрание. Кога, тоа никој не го знае.