Лекарите излегоа со страшни сознанија за новиот бран на корона вирус кој се очекува наесен. Според нив, опасниот вирус во вториот налет прави сериозни оштетувања на многу органи и предизвикува појави на тромб што го немаше на почетокот, пишува „Курир.рс“.

Короната веќе не се однесува како респираторен вирус туку прави оштетувања на мускулите, бубрезите и нервниот систем.  Тромбозата пак може да предизвика инфаркт и инвалидитет, предупредуваат докторите.