Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.368.

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 50 пациенти, а вкупно се лекуваaт 570 болни, сомнителни и потврдени со ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, не се примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

На инфективните одделенија во другите градови се лекуваат 798 пациенти.