Додека македонските институции немо ги следат случувањата во домашната јавност околу отворањето на бугарските здруженија со контрадикторни имиња и немаат речиси никаков механизам да се справат со истите, бугарските ботови на интернет за разлика од македонската држава не уморно работат, пишува „Слободен печат“.

Имено, на денот кога Кирил Пејчиновиќ беше прогласен за светец од страна на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г. г. Стефан во Преподобен Св. Кирил Лешочки во саботата, бугарските компјутерџии атакуваа на интернет енциклопедијата Википедија. Оваа најнова етапа на безмилосна бугаризација го зафати и идниот македонски светец Кирил Пејчиновиќ прогласувајќи го за бугарска верска фигура.

Во информациите објавени од бугарските интернет ботови на англиската верзија на Википедија која сега е насилно изменета, стои и дека тој е основоположник на модерната Бугарија и дека е една од историските личности кои низ времето се занимавале со промовирање и на раната бугарска ренесанса. На Википедија исто така стои запишано дека Пејчиновиќ го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на бугарски јазик во скопл на неговата татковина Бугарија.

Коментирајќи ги овие случувања екслузивно за „Слободен Печат“ Александар Пејчиновски кој всушност директен потомок на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ вели дека тој е згрозен од оваа работа кој како што вели тој ја дознал по разговорите со своите пријатели.

Информацијата ја разбрав од блиските пријатели. Мојата реакција како и што всушност беше и нивната беше зачудувачка и непријатна. Тоа е така бидејќи овој атак врз делото на Кирил Пејчиновиќ дојде во моменти кога во Лешочкиот манастир со богослужба, со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ се одвиваше процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Едноставно кратко речено сум згрозен од самиот чин, посочува Пејчиновски.