Премиерот Зоран Заев му испратил писмо на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во кое тој најавува тужба за клевета против него заради изјава дадена на новинарско прашање, а поврзана со случајот „Рекет“.
Не постои земја во Европа, не постои ни во Америка ваков случај, премиер да тужи за клевета потпретседател на опозициска партија“, рече на прес-конференција Николоски.
Тој појасни дека станува збор за политичко мислење, а работата на политичарите е да кажуваат свои мислења, сомнежи ставови.
Николоски, кој имаше тужба за клевета и од братот на Зоран Заев, Вице, најави дека од наредната недела заканата од Заев ќе ја интернационлаизира, односно за тоа ќе зборува во Европскиот парламент, а ќе бидат запознаени и дипломатските мисии во Македонија.
Наместо како што е редот во демократска држава, доколку политичкиот опонент не се согласува со кажаното, да го демантира тоа што е кажано, или во јавноста да приложи спротивни факти и аргументи, Зоран Заев, од позиција на премиер, на најмоќен човек во државата решава да се заканува со тужби…Сметаме дека ова е класичен обид за притисок и замолчување на опозцијата“, истакна Николоски.
Николоски праша кој во земјава верува дека Боки 13 самиот рекетирал и оти бизнисмените сами му ги давале парите.
Денар немаше да му дадат, а не тешки милиони, ако зад него не стојат највисоите структури на власта. Инаку, во писмото Зоран Заев не демантира дека се изрекетирани преку 20 милиони евра, ниту дека се изрекетирани повеќе бизнисмени. Со тоа ги потврдува нашите сознанија дека рекетот е многу подлабок отколку што се знае во јавноста. Тој само спори дека тој ја координирал таа акција. За таа работа ќе се видиме со Зоран на суд, а исто како и против Вице, самиот ќе се бранам“, истакна Николоски.
Comments are closed for this post.