Љупчо Николовски е нов Генерален секретар на партијата и во иднина нема да биде министер за земјоделство иако тој е еден од најдобрите министри.

Тој се заблагодари за поддршката што му ја дале во партијата.

-Ќе работиме со силна контрола како се спроведува нашата програма. Доаѓа период кога ќе бараме отчет од градоначалниците и нивните програми и ќе ја следиме нивната програма и реализацијата. Гарантирам дека деноноќно ќе работам за зборот кој го има дадено пред граѓаните. Убеден сум дека СДСМ ќе биде победник на следните парламентарни избори-истакна Николовски.