Смените покажаа сериозна одговорност пред граѓаните.Ветиме промени и промените се случуваат, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев по денешниот состанок на Централниот одбор по кој беше разрешено речиси комплетното партиско раководство

Оваа одлука е сериозен израз на одговорност и примање на порака од граѓаните. Ќе се посветиме на подобрување на животот на граѓаните. Покажавме дека живееме со граѓаните и од граѓаните ја слушаме пораката. Ја внесовме земјата во НАТО и очекуваме да почнеме преговори со Унијата. Граѓаните ни испратија пораката, корегирајте се ако ја сакате и натаму поддшката.Ќе се случат промени и во централната власт. Со освожени капацитети ќе работиме на подобрување на животот на граѓаните-истакна Заев.

Премиерот најави промени и во извршната власт, директори на јавни претпрријатија, односно секаде каде што нема резултат и се покажало ароганција.Но, не гледа причина да поднесе оставка на претседателското место во партијата