Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Словенија.

За време на посетата премиерот Заев ќе оствари средби со неговиот колега, премиерот на Словенија Марјан Шарец, со претседателот на Државниот збор на Словенија Дејан Жидан, како и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Посетата на премиерот доаѓа откако тој синоќа го разреши комплетното партиско раководство и најави дека со тоа ја примил пораката од народот.

Ова е само прв чекор и следнииот ќе биде промена и на централно ниво.Според најавите ќе бидат сменети шест министри и ќе се оди на гласање за нова влада за што ќе бидат потребни 61 глас во Собранието.