Поранешната новинарка Ленче Николовска за „Република.мк“ потврди дека си заминала од Владата каде работеше како Посебен советник за земјоделство шумарство и водостопанство.

Таа вели дека си заминала на нејзино барање и оти немала никакви притисоци.

Точно е оти си заминав на мое барање но во договор со премиерот. Ќе се посветам на земјоделците и на нивните проблеми но во друга форма – изјави Николовска.

Таа на социјалните мрежи веќе објави дека нејзни следен проект ќе биде „Агротим“, посветен на земјоделците.