Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски,во емисијата 360 степени објасни што се случувало на средбата со премиерот на Бугарија Бојко Борисов на самитот на ЕПП. Тој вели дека биле снимани крајно непрофесионално и зад грб.

„Тоа што го кажа Мицкоски на средбата е тоа што го кажуваме постојано, дека поддржуваме се што е добро за двете држави и двата народи и не поддржуваме тоа што не е добро за двете држави и двата народи. Тоа што Борисов и неговата екипа настапија така како што настапија, крајно непрофесионално и тенденциозно, да со мобилен телефон го снимаат разговорот, позади мојот грб, така беше поставена масата, и да случајно еден од членовите на нашата делгација тоа го забележи, па да прекинат… само зборува за нив и би им оставил тоа на нив и на граѓаните во Бугарија коишто нив ги гласаат. Тоа што го кажа Мицкоски, го кажува цело време, но треба да знае јавноста дека тоа беше направено на еден чин којшто мене никогаш не ми се случил, затоа што има правила како се случуваат средби, но, тоа го оставам на граѓаните на Бугарија да си видат кој, како и зошто таму носи одлуки“,