Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вечерва во емисијата „360 степени“ запраша дали премиерот Зоран Заев навистина пријавил за случајот „Рекет“ во Обвинителството и ако тоа навистина го сторил треба јавноста да ја види пријавата.

Николоски појасни дека ако нема писмена трага тоа значи дека не пријавил бидејќи бил кој човек кога пријавува постои белешка и тој поседува копија

Ако навистина пријавил треба да има писмена трага и писмена белешка.Но се сомневам дека пријавил и оти е ова еден невешт пи-ар и маркетинг на луѓето околу него но мислам дека му направија лоша услуга-објасни Николовски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ запраша дали Заев ќе сведочи во случајот „Рекет“

Очигледно е дека Обвинителстово не сака да го викне бидејќи му е страв. Не го прави тоа бидејќи од сведок може лесно  да биде обвинет. Не сакам да прејудицирам. Мислам дека има материјали кои водат до Заев-истакна Николоски.