Николоски: Возможен е договор со Грција, без да се менува Уставот

Подобар договор за името е возможен, уверува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и затоа вели тој бараме предвремени парламентарни избори.

13.01.2019 / 16:41


„Ние и после пропаста не референдумот кажавме дека Преспанскиот договор е политички мртов и празно слово на хартија. Останува да се бориме и да продолжиме да работиме како политичка партија овој договор на крајот на денот е политички мртов.

Ова во врестите на Телма го истакна Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите механизми што им стојат на располагање.

„А првиот ден кога ќе сме на власт и затоа ги бараме изборите, ќе направиме се, затоа што овој договор за Македонија е воможен. Возможно е Македонија да е дел од ЕУ и НАТО и во исто време да не треба да се промени Уставот, со цел промена на името, тоа е возможно со силна дипломатија и експерти покрај себе. За жал ние имавме 60 експерти ангажирани од Грција, а од другата страна двајца луѓе Заев и Димитров кои што по секоја цена сакаа овој договор, едниот да се спаси од кривичен прогон, другиот надевајќи се на политичка кариера“, рече Николоски.

Тој додава дека неповратни процеси во историјата нема и вели дека со согласност на двете држави се менуваат амандманите и се подобруваат истите.

„Се е менливо и минливо во животот и во таа насока мислам дека силна дипломатија пропратена со експерти може да го направи тоа, а паралелно мора да се работи на подобрување на економскиот стандард“, рече Николоски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Каква е историјата на Иран

пред 6 часа
Македонија

460.000 граѓани се уште користат фиксен телефон

пред 22 часа
Македонија

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

пред 22 часа
Македонија

Mицкоски ќе бара лидерска средба за укинување на пржинската влада

пред 2 дена
Македонија

Сиљановска-Давкова: Божик е повик да погледнеме кон себе, да го разбудиме човечкото во нас, добрината, надежта

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

пред 2 дена
Македонија

Паричката кај Ведран, синот на скопскиот градоначалник

пред 3 дена
Македонија

Паричката кај Антониj: Бадник во домот на премиерот Мицкоски

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

пред 3 дена