Јас сум убеден дека единствената причина што Зоран Заев не потпиша се што кажа во срамното интервју за БГНЕС е народот кој се случи. Низ сите македонски градови и села народот излезе на плоштадите да протестира против предавството на Зоран Заев, убеден е Александар Николоски.
Тоа е причината зошто Зоран Заев во овој момент не ја потпиша таа капитулација и сакам да му честитам на македонскиот народ кој излезе, се охрабри, не поддржа, ние го поведовме во таа битка да се спречи ова национално предавство, капитулација и распарчување на Македонија. Но, и да ги повикам да останат будни затоа што Заев ќе се обиде да го направи ова во следниот период затоа што ветил. Можеби за после изборите во Бугарија.Затоа македонскиот народ треба да остане буден и паралелно да изглегува на улиците и да го натераме да поднесе оставка затоа што најдобриот лек против националните предавства е Заев да не е премиер-вели Николоски за „Република“.
Comments are closed for this post.