Обвинителката, Вилма Русковска, во гостување на „Само интервју“, се осврна на случувањата од 27. Април.

Објаснив дека во 27. април не се работи за терористи. Требаше сите да одговараат само за рушење на уставниот поредок – посочи Русковска.

Таа вели дека Амнестијата за дел од луѓето поврзани со случувањата била политичка одлука.

Па, ако некој беше повреден од таа аменстија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот – додаде Рускоска.

Рускоска доби прашање како гледа на тоа се отфрлаат тужбите поднсени од новинарите кои беа присутни во Собранието.

Не ме чуди ништо, и мојата тужба е отфрлена – вели обвинителката.