Треба да сте целосен аматер и дилетант да го решите спорот со името, без  да побарате било каква гаранција на писмено дека ветувањето добиено за возврат, а во овој случај, добивање датум за преговори, ќе се реализира. Очгледно брзајќи да го направи договорот, Заев не ги побарал овие гаранции – истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во Само интервју.

Минатата година во Виена имаше конференција, на која беше присутен и Рајхарт Прибе, кој рече дури и да се реши спорот со името, ако не се реализираат реформите кои тој ги задал, не е доволно. Прибе ова им го соопшти на претставниците на СДСМ, рече Николоски.