Денеска во рамки на теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ сме во посета на Тетово и Брвеница, најпрво го посетуваме овој поранешен комплекс на Тетекс кадешто ми е драго што имавме средба со една нова успешна извозна компанија „ФЈ Инженеринг“, којашто главно работи за извоз. Исто така имавме средба со сопственикот на хотелот Арена на Попова Шапка и тука сопственик на комплексот на еден ресторан, во следниот дел од денот ќе имаме среба и во Технолошко индустриската развојна зона каде што ќе посетиме дел од странските инвестиции коишто во моментот се тамо, како и фабриката за производство на стакло, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Она што го гледаме во средбите со стопанствениците со оние коишто го создаваат националното богатство на Македонија, го полнат буџетот, даваат плати, имаме две вистини, едната е дека имаме исклучително амбициозни луѓе, луѓе коишто сакаат да работат тука во Македонија и да допринесат и од друга страна за жал имаме неодговорна власт и влада која не ги помага овие луѓе, скоро и да не слушнавме дека луѓето добиваат било каков тип на помош. На пример во рамките на „ФЈ Инженеринг“ се развива еден едукативен центар, којшто треба да овозможи на следните млади генерации да стекнат обука утре во рамките на своето образование, со цел веднаш по завршување на образованието да можат да најдат работа, ова воопшто не е подржано од страна на државата, самиот стопанственик решил да инвестира. Понатаму во однос на ресторанот гледаме дека овие мерки поврзани со короната траат скоро година дена, година дена се забранети собири од типот на организирање свадби, крштевки, родендени она што е основна дејност на тие ресторани и до тука е во ред, она што е проблем е тоа што нема  никаква поддршка од државата, луѓето трпат огромни загуби имаат вработени коишто сега седат дома, имаат кредити коишто треба да ги плаќаат, а немаат никаква поддршка од државата, што ги доведува на раб на егзистенција бројните семејства коишто се дел од овој сектор. И затоа апелирам да се надмине оваа ситуација, односно да се даде поддршка на сите оние коишто се сопственици на свадби и оние коишто работат во тој дел од индустријата, тука се секако музичарите, оние кои се во делот на фотографирање, снимање итн, истакна тој.

Порача дека во однос на извозните компании, апелираат да се даде поддршка за извозот и поддршка за едукација и развој на истражувачки и развојни центри коишто не се воопшто предвидени во ниедна мерка или програма, а доколку Македонија не инвестира во развојни и истражувачки центри ќе стане само место на ефтина работна сила, а не на иновации и на напредок.

-Она што исто така сакам да го кажам во рамките на посетата е дека ќе имаме средби и со граѓаните на Тетово и со граѓаните на Брвеница, каде што ќе поразговараме за актуелните состојби и актуелните случувања во државата, порача тој.