Министерката Царовска, наместо да се грижи за катастрофалните состојби во училиштата, неуспехот со платформите за онлајн учење и незадоволството на средношколците од полагањето на матура во време на пандемија, смислува настани за дефокусирање од реалните проблеми, реагираат од Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мила Царовска не покажа вистинска грижа за средношколците кои скоро и да немаат практична настава, а дел од нив наставата ја одржуваат по приватни фирми и тоа со намален број заради економскиот крах од пандемијата.

Очигледно е дека министерката Царовска започна кампања за претстојните локални избори затскриена зад нејзиниот нов проект каде како што и самата вели, ќе идентификува профили на ученици.

Ја повикуваме министерката, кога ќе ги посетува средните стручни училишта добро да погледне во какви услови средношколците држат практична настава. Истовремено да се заангажира моделите на кои се држи истата таа настава да не се од памтивек, туку да набави нови, современи а сѐ со цел подобрување на профилот на средношколецот кој ќе излезе на пазарот на трудот по завршувањето на своето образование.

Предлагаме, Царовска наместо екскурзии и кампања за локални избори, барем еднаш да започне со реално решавање на проблемите на средношколците, без измеслени проекти со невладини организации кои се блиски до нејзе и до нејзиниот шеф, Зоран Заев.

Мила, засукај ги ракавите!

Средношколците мака мачат со практичната настава, а наставниот кадар е оставен на немилост бидејќи моделите и системот се во распаѓање“, порачуваат тие.

Министерката Царовска, наместо да се грижи за катастрофалните состојби во училиштата, неуспехот со платформите за онлајн…

Posted by Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ on Wednesday, February 17, 2021