На вчерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна три столба за митот за Али Ахмети на коишто се држеше лидерот на ДУИ, но пропаднаа за само неколку месеци во опозиција.
Првиот беше дека е чесен. Со последните случувања во последните година и пол, две, и скандалите коишто главно јавноста ги извади, но и ВМРО-ДПМНЕ, тој мит падна. Вториот мит беше дека што да прави, секогаш е во Влада, еве не е“, нагласи Николоски.
Тој додаде дека Ахмети ги лажел неговите членови дека за три или шест месеци ќе влезат во Влада, па ќе имало избори локални со парламентарни, но видовме дека ништо од тоа не се случи.
Третиот мит којшто веќе од вчера се руши е дека што и да прави, ги штити своите луѓе. По она што го напиша Артан Груби вчера, јасно е дека и тој мит ќе се сруши. Така да, трите столба на кој што ја градеше својата политика, ако сакате и митот кој го изгради околу себе, паѓаат“, истакна Николоски.
Тој додаде дека однесувањето на лидерот на ДУИ е целосно неодговорно.
Многу е лесно да градите мит за некого, кога не се нафаќа на извршна власт. Каков е тој политичар, којшто оди на избори, како прв, и после тоа не се нафаќа на извршна власт, пушта други таму, а тој седи во собрание и во Мала Речица. Извинете, ама тоа е неодговорно однесување“, заклучи Николоски.
Comments are closed for this post.