Она што го зборуваат Меркел и Макрон е најдобар доказ дека Македонија не смееше да дозволи да се створи групата Македонија – Албанија, смета Александар Николоски. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев уште лани удрија во ѕид во јуни, кога го потпишаа Преспанскиот договор, а не доби датум за преговор.

Што правеше Зоран Заев во оваа година и пол? Ништо, крадеше и се корумираше. Според мене што требаше да прават Заев и Никола Димитров? Не требаше да слезат од авион. Да одат од главен град до главен град, да се среќаваат со буквално кој ќе ги прими и кој ќе ги слуша и да ги молат да се раздвои Македонија од Албанија. Останувањето на Македонија во пакет со Албанија е штетно и по однос на македонскиот териотријален интегритет и ја загрозува сигурноста на границите, рече Николоски во утринската емисија „Добро утро, секое утро“ на „Алфа“.