Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување „ Само интервју“ на ТВ Канал 5 рече дека за 60 месеци владата на СДС и ДУИ ќе плати над 175 милиони евра само за работниците кои што ќе кампуваат, додавајќи дека за секој друг договор ова ставка не е повеќе од 10 милиони евра.
Страница 130 дел 2, капитални и директни трошоци владата ќе плаќа 2 милиони и 900 илјади евра месечно, или за 60 месеци 175 милиони и 200 илјади евра за грубо кажано за работниците кои ќе кампуваат за секој друг договор, ова не е повеќе од 10 милиони евра. Страна 129 дел 1, првично плаќање од 117 милиони евра за да се постават канцеларии и погони и административно тоа веќе се плати и го потврди и Ковачевски и Бочварски. 117 милион евра веќе е платен, но 117 зрна песок не се ставени до сега, камоли па да се работи, истакна Николоски.
Николоски направи споредба на договорот помеѓу владата на СДС и ДУИ и Бехтел и Енка со другите договори потпишани од нив како влада и нивните градоначалници, посочувајќи дека за ископување на постоен асфалт според овој договор ќе плаќаат 7.43 евра за метар кубен, додека за договорот помеѓу Гранит и ЈП за државни патишта изнесува 2.33 евра за метар кубен, или како што рече тој ова е дури 150 проценти повисока цена.
Понатаму страна 130 дел 4, вели за ископување на постоен асфалт 330 денари. Ќе споредувам со договори кои што оваа влада или градоначалници на оваа влада ги потпишувале, за да не речат со други градоначалници други влади споредуваш. Договорот помеѓу Гранит и ЈП за државни патишта за Блаце истата оваа ставка ја цени за 2,33 евра што значи 2,33 наспроти 7,43 евра по метар кубен, а таму има десетици милиони метри кубни. Понатаму страна 103 дел 5, каде што вели дека било кој материјали кои што ќе се користат, а кои што се по однос на слоевите земја коштаат 552 денари по метар кубен Гранит за Тетово, Џепиште наплатил 240 денари. Од 240 до 552 денари е 150 проценти повисока цена. Тоа докажува дека цените се многу високи. Јас не знам дали дел од тие пари ќе одат за корупција или не. Но знам дека цените се многу високи, смета Николоски.
Во однос на пополнување на автопатите со камен агрегат тампон, Николоски изјави дека според договорот на владата и Бехтел и Енка ќе се плаќа 1475 денари, додека споредбено со пополнување на Момин Поток, Шилегов плати 900 денари за метар кубен.
Пополнување на камен агрегат тампон кој што е секаде ист, овде е 1475 денари, а знаете колку е набавна цена било каде e 350 до 400 денари. На Момин Поток со целосно скандалозен договор кој што го направи Петре Шилегов со еден учесник, 900 денари за метар кубен. Дури и Петре Шилегов се воздржал платил 900 денари, а овие ќе плаќаат 1475 денари, објасни Николоски.
Николоски изјави дека тон асфалт според договорот е 7442 денари, додека во било каде асфалт вграден во Скопје од Шилегов изнесува 4333 денари, како и дека според договорот со Бехтел и Енка владата ќе плаќа врвна класа на асфалт од 10.550 денари по метар кубен, додека Шилегов платил 5458 денари, или како што рече тој дупло поскапо.
И уште две ставки. Првата за асфалт, по тон е 7442 денари, било каде асфалт вграден во Скопје од Петре Шилегов е 4333 денари, и финалното врвната класа на асфалт е 10.550 денари, ова се наоѓа на страна 136 дел 17а, а на пример за истиот Момин Поток каде што имаше еден понудувач е 5458 денари. Значи внимавајте 10.550 наспроти 5458 точно дупло поскапо ќе се плаќа за овој автопат.
Николоски потенцираше дека доколку се погледнат делниците за изградба на автопатите, специфична е само Стража, е исклучително поволен за изградба на автопати.
Еве да ги гледаме делниците, Гостивар – Тетово е рамно, веќе постојно треба да се прошири уште по една лента. Битола-Прилеп пушка рамно треба да се прошири уште по две ленти. Специфична е Стража факт е тоа и исто така од Мешеишта Ќафасан најголем дел е низ поле, последниот дел е само во планина. Така што теренот што го гледаме со исклучок на Стража е исклучително поволен за автопати, и затоа овие суми се страшни кога ги читате, кажа Николоски.
На прашањето дали тој смета дека лошо преговарала владата со Бехтел и Енка, Николоски рече:
Апсолутно. Јас мислам дека дошле од Бехтел и Енка им го дале договорот, повелете и овие од влада го потпишале без да го прочитаат.
Во однос на ФИДИК, Николоски рече дека овој договор не е потпишан според ФИДИК, односно само во одредени делови се користи ФИДИК, а во другите не се користи.
Николоски го повика Артан Груби да го објави договорот јавно и веднаш потоа да седнат на дуел.
Гледам дека најмногу Артан Груби стои позади овој договор. Да му понудам, нека го објави договорот јавно и поручек да седнеме на дуел јас и тој за договорот и јавноста да ги виде нашите аргументи, му порача Николоски на Груби.
Comments are closed for this post.